Елени Чолаки е синоптичар на грчката телевизија која од рано наутро ги развеселува Грците со своите најави.
Вообичаено сме навикнати на еднообразни соопштенија за времето што не очекува во наредните денови – претежно сончево, со малку облачност, врнежливо…
Но, Елени не е секојдневна водителка, напротив, од пет часот наутро е разиграна, насмеана, сака да игра и да пее.
Ѝ се придружуваат колегите кои не можат да ѝ одолеат на нејзината позитивна енергија.
„Најдобрата временска прогноза досега“, „Таа е олицетворение на среќата“ и „Со неа секој ден е сончево“, се само дел од коментарите под виралните видеа на оваа водителка.
Некои едноставно не можат да разберат од каде добива толку многу енергија рано наутро.
А ако мислевте дека можеби игра само кога е сончево, ќе видите дека е весела и скока дури и кога времето е лошо.