Гутереш: Блискиот Исток е на работ…

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди дека Блискиот Исток е „на работ“ на целосен конфликт и ги повика сите актери на максимална воздржаност.

Loading...

– Блискиот исток е на работ. Жителите на тој регион се соочуваат со реална опасност од разорен конфликт од целосен размер. Сега е време за деескалација – изјави Гутереш на итната седница на Советот за безбедност на ОН во врска со иранскиот напад врз Израел, пренесува Ројтерс.

Тој нагласи дека меѓународната заедница има заедничка одговорност за обезбедување итен прекин на огнот во Појасот Газа.

– Имаме заедничка одговорност да обезбедиме итен хуманитарен прекин на огнот во Газа, безусловно ослободување на сите заложници и непречена испорака на хуманитарна помош – рече Гутереш.

Тој, исто така, укажа на заедничката одговорност за ставање крај на насилството на окупираниот Западен Брег и враќање на безбедната пловидба во Црвеното Море.

– Имаме заедничка одговорност да работиме за мир. Ниту регионот, ниту светот не можат да си дозволат нови војни – нагласи тој.

Седницата на Советот за безбедност на ОН се одржа на барање на Израел, откако Иран во ноќта меѓу саботата и неделата лансираше стотици беспилотни летала и проектили кон Израел како одмазда за израелскиот напад врз иранската дипломатска мисија во Дамаск.