Недоволниот сон е можна причина за зголемен апетит

Сподели со своите пријатели

Ако не спиете доволно може да се случи да јадете повеќе, што пак ги зголемува шансите да станете дебели, откриле истражувачи кои ја претставија својата студија на овогодинешната Научна конференција за епидемиологија и превенција, исхрана, физичка активност и метаболизам.

Loading...

– Проверувавме дали недостатокот на сон влијае на нивото на хормоните лептин и грелин, поголемата количина на храна која луѓето ја внесуваат и енергијата која се троши со таа активност, изјавил авторот на студијата и професор по медицина и кардиоваскуларни болести на Клиниката Мејо во рочестерудр Виренд Сомерс.

 

 

Сајтот Medicalnenjstoday пренесува дека истражувачите проучувале 17 здрави мажи и жени во текот на осум ноќи, при што половина од испитаниците спиеле нормално, а втората половина само две третини од вообичаеното време.

Истражувачите установиле дека групата лишена од сон која спиела час и 20 минути помалку од контролата група, секој ден во просек внесувала 549 калории повеќе.

Количината на енергијата потрошена при текот на активностите не варирала значително меѓу двете групи, што наведува на заклучокот дека оние кои помалку спиеле не трошеле дополнителни калории.

Loading...

Недостатокот на сон е поврзан со покаченото ниво на петин и намаленото ниво на грелин што веројатно е позледица, а не причина, за претерано внезување на храната.

 

 

– Недостатокот на сон е се поприсутен проблем, со оглед дека 28 отсто од возрасните сакаат да спијат шест или помалку часа, вели еден од истражувачите др. Ендрју Д. Калвин.

Истражувачите истакнале дека студијата наведува на заклучок дека недостатокот на сон може да биде важен дел и еден од причините за растот на телесната тежина и дебелењето.