Маж познат по перзимето Хуанг нелегално продавал храна на улица, кога се појавила полицијата по дојава во намера да го приведе.
Полицаецот и уличниот продавач се расправале, а Хуанг одлучил да го бакне полицаецот во уста. Неговиот потег го налутил полицискиот службеник и неговите колеги кои започнале да го тепаат.
Луѓето кои биле на страната на Хуанг во обид да го одбранат на полицијата фрлале столчиња и садови. Сепак, Хуанг на крајот бил совладан и приведен.