Населбата Петралија Сотана се наоѓа во областа Палермо, а позната е по својата куќа со бизарен изглед, широка само 100 сантиметри.
Неофицијално ја носи титулата „најтесна куќа на светот“ и е една од најнеобичните туристички атракции во Италија.
Се верува дека Casa du Currivu, позната како „Куќа на инаетот“ е изградена во 1950-тите кога било вообичаено жителите да ги прошируваат своите резиденции вертикално (со одобрение од нивните соседи).
Двокатницата е толку тесна што двајца луѓе едвај поминуваат меѓу себе, па се поставува прашањето зошто постои?
Одговорот лежи во името на куќата, а легендата вели дека е изградена за време на расправија меѓу двајца соседи, пренесува Oddity Central.
Сопственикот на „најтесната куќа“ не добил дозвола за проширување, па решил да се реваншира.
На одредена далечина подигнал необична зграда – само за да го блокира погледот на соседот.
И покрај тоа, куќата е практично празна и не е наменета за живеење.
Денес е позната низ целиот свет и туристите доаѓаат во Петралија Сотана за да ја видат со свои очи.