Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Сподели со своите пријатели

Парламентот на Индонезија денеска одлучи поранешната метропола Џакарта да остане економски центар на земјата како дел од планот за преселување на главниот град на островот Борнео.

Loading...

Индонезија планира да го пресели својот главен град од преполната, ниска Џакарта во Нусантар, град вреден 32 милијарди долари кој се гради во џунглите на Источен Калимантан, Борнео.

Градот е водечки проект на претседателот во заминување Јоко Видодо, кој вети подобра дистрибуција на богатството и развој низ архипелагот, не само на островот Јава.

Индонезиски министер: Џакарта сепак мора да има печат на посебен град

Според новиот закон од 18 март, ќе се формира совет за „агломерација“ за да ги координира развојните планови меѓу Џакарта и нејзините сателитски градови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Олаф Шолц повторно кандидат за канцелар и покрај падот на популарноста

Министерот за внатрешни работи, Тито Карнавијан, по дебатата во парламентот рече дека Џакарта треба уште повеќе да се развива за да се натпреварува со другите „градови од светска класа“ откако седиштето на владата ќе се пресели во Нусантара.

„Откако повеќе не е главен град, Џакарта сепак мора да има печат на посебен град за да може да го забрза економскиот раст и да го зголеми својот придонес во БДП на земјата“, рече тој.

Џакарта останува главен град на Индонезија додека претседателот не издаде декрет за именување на Нусантара за нова метропола

Според сегашните правила, Џакарта ќе остане главен град на Индонезија додека претседателот не издаде декрет за официјално именување на Нусантара за нов главен град, кој е планиран за оваа година.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН: Оваа година загинаа најмногу хуманитарни работници откако се достапни записите

Се очекува владата годинава да одржи церемонија на Денот на независноста на 17 август во Нусантара, а до крајот на оваа година е планирано преместување на илјадници државни службеници.