Кумановец измамен за 800 евра, му дале лажен дијамант

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и три годишен кумановец бил измамен за сума од 800 евра, а измамувачите за износот му дале лажни дијаманти.

Loading...

– На 26.03.2024 во 14.30 часот во СВР Куманово, 73 – годишен маж од Куманово пријавил дека на Плоштадот „Македонија“ во Скопје бил измамен од две лица за сума од 800 евра, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицата му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека им требаат парите за да одат на лекар и за возврат ќе му дадат дијаманти, а откако ќе завршат ќе се вратат и ќе му ги дадат парите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Данило Драшковиќ од Куманово прогласен за најмлад и најдобар пливач

Како што е пријавено, тој им ги дал парите, а тие му дале накит за кој подоцна утврдил дека е бижутерија.

Исто така, според пријавеното, лицата не се вратиле, по што сфатил дека е измамен.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.

Никола Ивановски