Пратениците во Долниот дом на парламентот на Тајланд денеска со големо мнозинство го одобрија предлог-законот со кој таа ќе стане првата земја од Југоисточна Азија која ги легализира истополовите бракови.
Предлог-законот за еднаквост на бракот ги изедначува правата на сопружниците од кој било пол.
400 од 415 присутни членови на Претставничкиот дом гласаа за, 10 гласаа против, двајца беа воздржани и тројца не гласаа.
Законот ги менува и поимите мажи и жени, и маж и жена во „поединци“ и „сопружници“.
Тоа би го отворило патот за постигнување финансиски и медицински права за ЛГБТК+ паровите.
Законот сега се пренесува до Сенатот, кој ретко ги отфрла веќе усвоените закони во Долниот дом, а потоа законот го одобрува кралот.