ЖРК Куманово се пласираше во Фајнл фор од Купот на Македонија

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово се пласираа во фајнл фор завршницата од ракометниот Куп на Македонија за жени.

Loading...

Кумановки ќе бидат единствен од четирите тима што не е од Скопје, а до местото пристигна откако викендов го елиминираше составот на Металург во драматичен натпревар со 21:20.

Тренерот на ЖРК Куманово, Славиша Димитријески вели дека е задоволен од девојките, нивниот пристап, мотивација, фокус и жар што го прикажаа на последниот натпревар против Металург.

– Со самиот факт, дека оваа натпреварувачка година ни е турбулентна, со недоволен број на играчки кадар поради повредени играчи и немање на термини за младите категории,  сметам дека до сега имаме солидни резултати и успех, што не значи дека тука застануваме – напротив ќе работиме, ќе се трудиме и бориме за што поголем успех на екипата и да останеме горди промотори на спортот во Куманово, изјави Димитријески за Кумановски Муабети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силниот ветер корнеше дрвја и бандери ноќва низ Куманово (ФОТО)

Како што додава, купот е формат во кој не треба да има предвремено отпишување на конкурентите, оти сите претендираат за пехар.

– Тоа јас и мојот колега Сашо Божиновски, тука е физиотерапевтот Воја Анѓелески, заедно со девојките и управата, многу добро го знаеме и со божја милост, ќе се потрудиме повторно да дадеме максимум и да го кренеме пехарот, додаде Димитријески.

Инаку, тимот на ЖРК Куманово го крена пехарот од Купот на Македонија во 2019, 2021 и 2023 година.

Годинава кумановки ќе треба да се надигруваат со ЖРК Ѓорче Петров, ЖРК Чаир и ЖРК Вардар.

Loading...

Никола Ивановски