Голем руски напад врз Киев од рани зори: Се слушаат експлозии, има повредени!

Сподели со своите пријатели

Десет лица се повредени во синоќешниот руски ракетен напад врз Киев, соопшти градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.

Тој на Телеграм изјави дека е причинета штета на згради, дека во областа Подолск остатоци од ракета паднале врз неколку бизниси, а во населбата Шевченко гори стан во станбена зграда.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Премиерот на Белгија: Поразот на Русија е бајка. Не смееме да им го заплениме имотот!

Воената управа на Киев соопшти дека во областа Свјатошински се искршени стакла на зграда, а како последица на нападот избувнал пожар во градинка во областа Шевченко, пренесува Униан.

Според првичните информации, се запалиле и автомобили.

 

 

„Во областа Подолск, како резултат на паѓање на ракетни остатоци, избувна пожар во трансформаторска станица и во двокатна нестанбена зграда“, рече Кличко.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: Ако лудата Европска Унија се обиде да украде руски имот...

Како што пренесува Униан, руските сили лансирале ракети од стратешките бомбардери Ту-95 за време на нападот, а во Киев и околните области се слушнале експлозии.

 

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.