77 санкционирани возачи изминатиот викенд во Куманово

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и седум возачи биле казнети изминатиот викенд во Куманово поради непочитување на сообраќајните правила и прописи.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 77 возачи, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од казнетите, или 43 од нив, управувале возило со брзина поголема од пропишаната, додека 19 санкции биле изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.

13 за управување возило без возачка дозвола и 2 за нерегистрирани возила.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дејан Јовановски нов член на Советот на Општина Куманово

Сообраќајните контроли, како што потенцираат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на СВР Куманово.

Никола Ивановски