Американски нуклеарен офицер објавил доверливи информации преку страница за запознавање

Сподели со своите пријатели

Пензиониран полковник на американската армија во Небраска е обвинет за испраќање доверливи информации преку страница за запознавање.

Loading...

Дејвид Френклин Слејтер (63) бил вработен до 2022 година во Стратком, Стратешката команда која го надгледува американскиот нуклеарен ракетен арсенал.

Тој бил уапсен во саботата, а денеска ќе се појави на суд.

Тој беше обвинет дека незаконски испраќал документи кои „може да се искористат за да им нанесат штета на САД“.

„Ти си мојот таен агент. Со љубов“

Во обвинението се наведува дека Слејтер ги пренел информациите што ги дознал од доверливите брифинзи на Стратком, кои се поврзани со руската инвазија на Украина.

Тој ги испраќал податоците на лице за кое верувал дека е жена во Украина.

За време на преписката, често му поставувале прашања за тајните на американската национална одбрана, велат обвинителите.

„Драга, што се прикажува на екраните во специјалната просторија?? Многу е интересно“, стои во една од пораките од 11 март, пишува Би-би-си.

Loading...

На 23 март добил прашање за една држава. Тој дел е преработен во обвинението, па не е јасно за која земја се однесуваше прашањето.

„Ти си мојот таен агент. Со љубов”, му рекол контактот откако одговорил.

„Драг мој Дејв, благодарам за вредните информации“ и „ти си мојот таен љубовен доушник!“, се читаат другите пораки.

Му се закануваат 10 години затвор

Во документите не пишува со кого контактирал Слејтер, ниту пак името на страницата за запознавање.

Случајот го истражуваа ФБИ и Канцеларијата за специјални истраги на воздухопловните сили.

„Поединци кои имаат пристап до доверливи информации имаат одредени одговорности“, рече главниот обвинител на Небраска, Сузан Лер.

Слејтер беше обвинет за заговор и две точки од обвинението за неовластено откривање информации за националната одбрана.

Нему му се заканува затворска казна до 10 години.

Loading...