Двете најголеми комунистички партии во Непал ги здружија силите за да формираат нова коалициска влада во која ќе бидат вклучени и некои помали партии.
Лидерот на маоистичката партија Пушпа Камал Дахал ќе остане премиер една година откако ќе биде избран на оваа функција.
Дахал го прекина партнерството со Непалската Конгресна партија – најголемата во парламентот на таа јужноазиска земја, а сега влегува во сојуз со Комунистичката партија на Непал, марксистичко-ленинистичка ориентација.
Таа партија е втора по големина во Собранието, а ја предводи Каја Прасад Оли.
Маоистичката партија е трета по големина во парламентот, а Дахал стана премиер минатата година со поддршка на непалската Конгресна партија како најголема.
Тој назначи тројца министри кои положија заклетва во Катманду пред шефот на државата Рам Чандра Пудел.
Се очекува Владата да добие нови членови врз основа на преговорите на новите коалициски партнери.
Непал е хронично политички нестабилен, а во оваа субхималајска земја со 30 милиони жители, 13 влади се сменија од 2008 година, кога беше укината вековната монархија и прогласена република.