Франција станува прва земја што во Устав го воведе правото на абортус

Сподели со своите пријатели

Денеска Франција ќе стане првата земја што ќе вклучи доброволно прекинување на бременоста во својот Устав, за разлика од многу земји каде ова право е ограничено.

Loading...

Претставниците на двата дома на францускиот парламент – Сенатот и Националното собрание – ќе се соберат на церемонија во Версајската палата каде треба да го одобрат амандманот на Уставот предложен од владата.

Четири дена пред 8 март, Меѓународниот ден на правата на жената, со оваа реформа ќе се воведе реченицата – „Законот ги утврдува условите под кои се остварува слободата што им се гарантира на жената да прибегне кон доброволно прекинување на бременоста“ во член 34 од Уставот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сирија претстави нов национален грб: Златен орел како симбол на новата ера (ВИДЕО)

„Кога правата на жените се нападнати ширум светот, Франција застанува и се става на чело на напредокот“, изјави неодамна премиерот Габриел Атал.

Тоа ќе биде „првата уставна одредба толку експлицитна на оваа тема, не само во Европа, туку и во светот“, рече Леа Хоктор, експерт во Центарот за репродуктивни права, американска организација која го брани правото на абортус.

Според анкетите, вклучувањето на правото на абортус во Уставот го поддржуваат повеќе од 80 отсто од француското население.

Противниците на абортусот најавија митинг пред Версајската палата во текот на денот, додека поддржувачите на прекин на бременоста ќе се соберат на плоштадот Трокадеро. Тој митинг во Париз беше поттикнат од градските власти и организациите за правата на жените.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Околу 500 луѓе останаа без покрив над главата во пожар во зграда кај Варшава

Абортусот беше легализиран во Франција во 1975 година, четири години по жалбата во која 343 жени, меѓу кои познатите актерки Жана Моро, Катрин Денев и писателите Симон де Бовоар, Маргерит Дирас (Маргерит Дурас) и Франсоа Саган (Франсоа) признаа дека абортирале. .

Loading...