Списоците за поддршка на Димитриевски остануваат во ДИК (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сите кои досега не се потпишале за кандидатурата за претседател на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски тоа се уште ќе можат да го сторат.

Loading...

Како што информираше денеска на прес конференција, портпаролот на Општинската организација на ЗНАМ – За наша Македонија, Стефан Петковски, списоците за поддршка на Димитриевски ќе останат во канцелариите на Државната изборна комисија низ целата држава.

– Вашата доверба, поддршка и решителност со која застанавте зад кандидатот за претседател на Македонија од редовите на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, всушност не задолжи и мотивира да продолжиме со уште поголем интензитет. На барање на граѓаните, бидејќи интересот за поддршка е многу голем списоците ќе останат во општинските канцеларии на ДИК, а потпишувањето ќе продолжи и во наредните денови, изјави петковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со фалсификувани долари се коцкал во казино

 

 

Тој информираше дека потребните, 10.000 потписи се веќе собрани, но дека се уште постои интерес од граѓаните да дадат поддршка со својот потпис.

По однос на барањето на албанските партии, во иднина претседателот на државата да се бира во Собрание, Петковски, го повтори ставот на ЗНАМ.

Loading...

– Ова е уште еден во низата обиди во предизборието да се соберат евтини политички поени на моноетничките политички субјекти. Ова според ЗНАМ е целосно неприфатливо затоа што институцијата претседатле на држава својата сила ја црпи од непосредниот избор на грѓааните, потенцираше Петковски.

Тој им се заблгодари на граѓаните на Куманово за досегашната поддршка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец чувал елени во својата штала. Доби кривична пријава

– Продолжуваме понатаму до конечна победа на изборите. Живо е Куманово, жива е Македонија, порача тој.

Никола Ивановски