Дел од партиите веќе ги соопштија кандидатите со кои ќе настапат на претстојните Избори за Претседател кои се закажани за 21 април.
Утре треба да започне собирањето потписи за кандидатите за претседатели и пратеници.
Актуелниот претседател Стево Пендаровски ќе влезе во трка за втор мандат, откако добил поддршка од највисокото партиско раководство на СДСМ.
Пратеничката и универзитетска професорка Гордана Силјановска Давкова влегува во трката по втор пат како противкандидат на Пендаровски, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.
Универзитетската професорка Билјана Ванковска е кандидат на партијата Левица и тие први го соопштија својот кандидат во јавноста.
Партијата ГРОМ вчеравечер одлучи да го предложи Стевчо Јакимовски за свој кандидат.
Арбен Таравари ќе биде кандидатот на Алијанса за Албанците.
Останува денеска ДУИ да го соопшти својот кандидат, но и новоформираната партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.
Од утре од 8ми март кандидатите треба да собираат потписи во подрачните единици на Државната изборна комисија.
Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.
– Собирањето на потписи се одвива пред сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари, за тоа и кон ова појаснување ќе бидат објавени и адресите на подрачните одделенија на ДИК пред кој се собираат потписите. Постапката почнува на 23 и трае непрекинато секој ден. Подрачните одделенија ќе работат две смени. Наутро од 8 часот до навечер до 20 часот, додека последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот, информира членот на ДИК Борис Кондарко на седницата пред неколку дена.
Учесниците на изборите, листите со кандидат/и за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март на полноќ.
Претседателските избори се закажани за 24 април, додека вториот круг од изборите е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.