Дарко Петковски Спејко денеска поднесе оставка од функцијата член на Совет на Општина Куманово.
Loading...
Оставката следува поради негово вработување во странство.
Петковски стана дел од Советот во октомври 2022 година, откако претходно оставка си поднесе советникот Николај Павловски од здружението „За наше Куманово“ на градоначалникот Максим Димитриевски.
Советот едногласно ја прифати неговата оставка.
На негово место според предложената листа кандидати за советници од здружението треба да дојде Гордица Бошковска, но тоа засега не е потврдено.
Никола Ивановски