Триесет и четиригодишниот Филип Ристовски го фати крстот во црквата „Света Троица“ во Куманово на празникот Водици – Богојавление.
Loading...
Тој беше најсреќниот меѓу верниците кои денеска скокнаа по светиот крст.
– Се надевам дека годинава ќе донесе повеќе среќа, здравје и успеси на мене и моето семејство, но и на сите православни христијани до кои упатувам честитки за празникот, изјави Ристовски.
Светиот крст прв пат доаѓа во рацете на Ристовски, а ова е негов втор обид да дојде до него.
Никола Ивановски
Loading...