САД го осудуваат Иран за „непромислените“ напади врз Ирак

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави (САД) го осудија Иран за ракетните напади во близина на ирачкиот град Ирбил на север, нарекувајќи ги „непромислена и непрецизна серија напади“.

Loading...

Иранската револуционерна гарда соопшти дека истрелала балистички проектили врз, како што тврдат, израелскиот „шпионски штаб“ во северен Ирак.

Според Советот за безбедност на Ирачки Курдистан, во нападот во понеделникот загинале четири лица, а шест биле ранети.

Ирак ги осуди нападите, нарекувајќи ги повреда на неговиот суверенитет.

Нападите доаѓаат во време на зголемени тензии во регионот откако изби војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври.

Конфликтот почна да се шири се повеќе и повеќе да вклучи движења кои се сојузници на Иран и дејствуваат во Либан, Сирија, Ирак и Јемен.

„Ќе продолжиме да ја проценуваме ситуацијата, но првичните индикации се дека ова беше непромислена и непрецизна серија напади“, рече Адриен Вотскон, портпаролка на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

„САД го поддржуваат суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Ирак“, рече таа, додавајќи дека ниту еден американски персонал или објекти не биле цел.

Loading...

Иранската револуционерна гарда претходно објави дека „еден од главните штабови за шпионажа на Мосад во ирачкиот регион Курдистан бил уништен со балистички ракети“.

Во соопштението се вели дека тоа е „одговор на неодамнешните злосторства на ционистичкиот режим“.

Иран и претходно изврши напади во ирачкиот регион Курдистан, тврдејќи дека областа ја користат иранските сепаратистички групи и агенти на Израел.

Во соопштението од неговиот кабинет, премиерот на ирачките Курди Масрур Барзани го осуди нападот врз Ирбил како „злосторство против курдскиот народ“.

Угледниот бизнисмен Пешров Дизај е меѓу четворицата убиени цивили, објави Демократската партија на Курдистан.

Револуционерната гарда, исто така, соопшти дека мета биле позиции на Исламската држава (ИДФ) во Сирија.

„Експлозии се слушнале во Алепо и неговата околина, каде што паднале „најмалку четири проектили од правец на Средоземното Море“, соопшти воениот мониторинг на Сириската опсерваторија за човекови права.

Силите соопштија дека тоа било како одмазда за овомесечниот самоубиствен напад врз толпата по повод годишнината од американското убиство на највисокиот ирански командант Касем Сулејмани.

Loading...

Во тој напад во Керман на југот на Иран, загинаа најмалку 84 лица, а многумина беа ранети, пренесува RSE.