ДеСантис: Бајден не може да ја објасни крајната цел на поддршката за Киев

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден не е во состојба да им ја објасни на американските граѓани крајната цел за поддршка на Киев во конфликтот во Украина, изјави гувернерот на Флорида и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Рон ДеСантис.

Loading...

„Бајден дури не може да ни каже која е крајната цел. Тој не зборува за тоа“, изјави Десантис за CNN.

Според него, приоритети за САД се заштитата на сопствената граница и Кина, а Вашингтон ги игнорира таквите безбедносни закани и испраќа огромна сума пари во Украина.

„Како сето ова им помага на Американците?“, праша тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стив Бенон за Трамп: Следниот понеделник започнуваат деновите на грмотевици

Десантис смета дека треба да се стави крај на украинскиот конфликт и дека Европа треба да направи повеќе кога станува збор за исполнување на обврските во НАТО и повеќе да и помага на Украина бидејќи Русија е поголема закана за нив.

Како што рече, доколку победи на претседателските избори во ноември, нема да дозволи да бидат испратени американски војници во Украина, пренесува Спутник.

„Мислам дека стапицата за надворешната политика на САД во последните 25 години од крајот на Студената војна е да се вклучиме во конфликти каде што немаме јасна идеја за тоа што сакаме да постигнеме“, рече тој.