40 загинати при експлозија на цистерна со гориво во Либерија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 40 лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво во Либерија, соопштија властите на таа земја.

Loading...

Камион со гориво се преврте доцна во вторникот во Тотота, област Долна Бонг, и експлодираше набргу потоа, при што загинаа и беа повредени многумина кои дојдоа на местото на настанот, јавува Ројтерс.

Според очевидци, луѓето се качиле на превртената цистерна за да го испуштат горивото.

Десетици луѓе се уште се во болница со сериозни изгореници, а бројот на жртвите може да се зголеми, соопштија медицинските служби на Либерија.

Лошата безбедност на патиштата и слабата инфраструктура ја направија субсахарска Африка најсмртоносен регион во светот за сообраќајни несреќи, со стапка на смртност три пати поголема од европскиот просек, според Обединетите нации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар во најстариот луксузен хотел во Швајцарија