Неименуван Јапонец, на возраст од 54 години, се обидел да убие бубашваба и ненамерно разнел дел од неговиот стан.
За време на бизарен инцидент тој се повредил и завршил во болница.
Случајот е забележан пред неколку дена во градот Кумамото на островот Кјушу.
Маж пред полноќ забележал бубашваба и ја испрскал просторијата со големо количество инсектицид.
Една минута подоцна одекнала експлозија која го разнела излезот на терасата.
Локалната полиција известува дека до инцидентот дошло бидејќи маж испрскал со хемиско средство во близина на грејната маса за подготовка на храна.
Ова не е прв пат луѓето да се обидат да истребат инсекти и за малку да ги изгубат главите, пишува New York Post.
Јапонскиот национален центар за потрошувачки прашања соопшти дека добил повеќе извештаи за експлозии поврзани со прскање со инсектициди во близина на електрични приклучоци.