Тринаесет илегални мигранти од Сирија биле затекнати од полицијата кај кумановското село Табановце, откако таму ги оставиле три возила.
– На 09.12.2023 околу 20.15 часот на автопатот „Пријателство“, на патниот правец од Куманово кон Граничен премин „Табановце“, во близина на с.Табановце, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот биле затекнати 13 илегални мигранти од Сирија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, мигрантите претходно биле истоварени од три патнички возила, а возачите заедно со возилата го напуштиле местото.
– Известен е Јавен обвинител, а лицата мигранти биле пренесени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка, велат од МВР.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски