Најмалку три лица се убиени во кампусот на Универзитетот во Невада во Лас Вегас, соопшти локалната полиција, додавајќи дека мажот осомничен за вооружениот напад е пронајден мртов.
Loading...
„Едно повредено лице е во критична состојба“, се вели во соопштението на полицијата. објавено на социјалната мрежа Х.
Нападот бил пријавен околу пладне во кампусот на Универзитетот во Невада, недалеку од улицата со најголем број казина во Лас Вегас.
Идентитетот на напаѓачот, како и други детали за нападот не се соопштени.