Нерасчистени односи причина за престрелката во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишен кумановец и пет години постаро лице, негов сограѓанин, се двајцата учесници во денешната престрелка во Куманово.

Loading...

– На 05.12.2023 година во 17.17 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата “Борис Кидрич” во Куманово М.С.(44) испукал со пиштол и го повредил Т.Ш.(49) во пределот на нозете, информираат од кумановската полиција.

Според пријавеното, причина биле меѓусебни нерасчистени односи.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението на кумановската полиција.

Претходно како што информираа од кумановската болница во 17:38 часот кај нив со возило на Итна медицинска помош било донесено едно повозрасно машко лице со две прострелни рани на двете нозе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре овие делови на кумановско

По пружање на првична помош, лицето со медицински персонал, поради сериозноста на повредите било однесено на Клиниката за васкуларна хирургија во Скопје.

Никола Ивановски