Дваесет натпреварувачи и четворица тренери на Кик-бокс клубот „Предатор“ од Куманово претстојниот викенд ќе бидат дело од турнир во Србија.
Станува збор за меѓународниот кик-бокс турнир „Балкан бест фајтер“ кој од 1 до 3 декември ќе се одржи во Јагодина, Република Србија.
КБК „Предатор“ ќе има натпреварувачи во низа категории.
Така во категоријата помлад кадет ќе учествуваат Михаил Симоновски, Марко Бојковски и Христина Бојковска.
Во категоријата постар кадет учество ќе земат: Вилиам Трајковски, Божин Зафировски, Макс Спасовски, Јосиф Велковски, Милан Миливојевски, Данило Методиевски, Данило Ѓуриќ, Димитар Давитковски, Лара Цветковска, Андреа Георгиевска, Ива Јаќимовиќ, Мила Дичевска и Ева Милановска.
Свои натпреварувачи клубот ќе има и во категоријата јуниори каде ќе се борат: Стефанија Стојановска, Леон Трифуновски, Филип Јакимовски и Стефан Јовчевски.
Дваесетмината натпреварувачи ќе заминат под менторство на тренерите Јован Крстевски, Оливера Свилар, Теодора Димковска и Стефан Максимовски.
– За овој турнир се подготвуваме интезивно цели пет недели и очекуваме многу медали, велат од КБК „Предатор“.
Никола Ивановски