Компанијата што го создаде Тикток отпушта стотици луѓе од секторот за игри

Сподели со своите пријатели

Bytedance, компанијата што го создаде Тикток, планира да отпушти стотици луѓе од својот оддел за видео игри во Шангај и градот Хангжу.

Loading...

Bytedance исто така сака да го продаде својот главен бренд за видео игри Nutrend, пренесува Bloomberg повикувајќи се на извори.

Bytedance се очекува да објави дека работниците ќе престанат да работат на видео игри кои треба да бидат објавени во декември.

Примарната сила и успех на компанијата лежи во социјалните медиуми и платформите, особено во Тикток, кој се здоби со огромна популарност ширум светот, пренесува Танјуг.

Bytedance сака повторно да се фокусира на своите клучни средства и да го реализира својот максимален потенцијал на тоа поле.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Тошиба“ го намалува бројот на работници, над 3.000 вработени одат во предвремена пензија