Кривична за двајца полицајци од СВР Куманово поради примање поткуп

Сподели со своите пријатели

Двајца полициски службеници вработени во Секторот за внатрешни работи Куманово – БПС Крива Паланка, добија кривични пријави поради примање поткуп.

Loading...

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство поднесе кривична против полициските службеници Д.С. и Б.П., вработени во ПО за БПС Крива Паланка при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “примање поткуп” по член 357 од КЗ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, полициските службеници на 15.11.2023 за да не санкционираат сообраќаен прекршок побарале и примиле поткуп од две лица, странски државјани, во износ од 100 евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски го осуди инцидентите од прославата на Денот на албанското знаме

– Полициските службеници се изведени пред ЈО за ГОКК, а од страна на истражен судија им е определена мерка притвор од 30 дена, стои во соопштението.

Никола Ивановски