Маж со тешки повреди донесен во кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Седумдесетгодишен маж од село Драгоманце, општина Старо Нагоричане со тешки повреди вчера бил донесен во кумановската болница.

Loading...

– На 16.11.2023 во 11.37 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Т.С.(70) од с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при физички напад.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре овие делови на кумановско