МААЕ: Русија гради повеќе нуклеарни реактори од која било друга земја

Сподели со своите пријатели

Русија гради повеќе нуклеарни реактори од која било друга земја во светот, објави Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Loading...

Податоците од Информацискиот систем за енергетски реактори (ПРИС) покажуваат дека од вкупно 58 нуклеарни реактори кои моментално се градат ширум светот, 23 од нив ги гради Русија, пренесе Тас.

„Интересно е што, според податоците на PRIS, три кинески компании во моментов се директни конкуренти на нашите државни корпорации“, вели Александар Уваров, директор на Атоминфо центарот и главен уредник на веб-страницата atominfo.ru.

Тој додаде дека тие кинески компании работат на 22 реактори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: Не е исклучена можноста за напад врз воените бази на НАТО

„Сепак, треба да се напомене дека тие првенствено се градат во рамките на Кина, додека кинеските партнери градат уште пет реактори заедно со нас“, рече тој.

Тој, исто така, нагласи дека во овој поглед Американците и Европејците заостануваат со голема разлика.

Според МААЕ, вкупно 412 нуклеарни реактори работат во електраните ширум светот, со вкупен капацитет од околу 370,2 гигавати.