Тимот на Бајден го спореди Трамп со Хитлер и Мусолини

Сподели со своите пријатели

Изборниот тим на американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот го обвини поранешниот претседател Доналд Трамп дека ја усвоил реториката на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер нарекувајќи ги неговите политички противници „штетници“.

Loading...

Трамп на предизборниот митинг во Њу Хемпшир во саботата рече дека „ќе ги искорени комунистите, марксистите, фашистите и радикалната левица кои живеат во нашата земја како штетници и лажат, крадат и мамат на избори“, повторувајќи ги старите обвинувања дека е претседателските избори во 2020 година биле наместени.

Изјавата, која тој ја даде на Денот на ветераните, наиде на критики на социјалните мрежи, при што некои историчари велат дека наликува на реториката на автократите кои ги обезличуваат нивните ривали.

„Додека повеќето Американци им оддадоа почит на нашите херои во текот на викендот, Доналд Трамп ги повтори автократските зборови на Адолф Хитлер и Бенито Мусолини, двајца диктатори против кои многу американски ветерани се бореа и ги дадоа своите животи во таа борба“, рече портпаролот на Бајден, Амар Муса.

„Доналд Трамп мисли дека може да победи со поделба на нашето општество. Греши, а колку…ќе дознае во ноември следната година“, додаде тој.

Стивен Чеунг, портпарол на кампањата на Трамп, ги отфрла споредбите со Хитлер и Мусолини.

„Оние кои ги прават тие смешни споредби се обидуваат да најдат нешто (против Трамп) и тие тажни, мизерни постоења ќе бидат уништени кога претседателот Трамп ќе се врати во Белата куќа“, истакна Чеунг.

Трамп, фаворит за освојување на републиканската номинација за изборите во ноември 2024 година, има долга историја на употреба на запалива реторика кога ги опишува луѓето што ги гледа како противници.

Loading...

Едно време, тој рече дека мигрантите кои илегално влегуваат во САД ја „трујат крвта на нашиот народ“.