Во текот на ноќта во поголем дел од земјава облачноста се зголеми и утринава преовладува умерено со значително облачно време.
Понекаде во котлините е магливо. Утринава дува претежно слаб јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на денот низ Македонија времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено од средината на денот и најпрвин во западните делови од земјата каде што повремен дожд ќе има и во ноќните часови.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец најизразен вдолж Повардарието и наместа во југозападните делови.
Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец кој на моменти ќе достигне брзина и до 45 километри на час, поради што од УХМР за регионот на кумановско е издадено жолто метео предупредување за силен ветер.
Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 14 степени целзиусови.
Утре ќе имаме променливо облачно време со услови за послаби врнежи од дожд, но и за кратки сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални четири до максимални 14 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност, а ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу шест степени, а дневниот максимум се очеквуа да достигне 13 степени. Кон крајот на денот кон понеделник се очеквуаат врнежи од дожд.
Следната работна недела ќе имаме претежно суво време.
Никола Ивановски