Со голем концерт Нино Величковски ќе одбележи 40 години кариера

Сподели со своите пријатели

„Нино со љубов, песни и вино“ е свечениот концерт со кој кумановскиот пејач Нино Величковски во понеделник ќе одбележи 40 години кариера.

Со почеток во 19:30 часот во големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, Нино ќе ги изведе песните кои одбележаа негово четиридецениско опстојување на музичката сцена.

Самиот настан замислен како необичен и автентичен начин на спојување на традицијата и современата македонска музика, со цел да се остави траен белег на музичката естрада и на културата, воопшто.

Овој проект има цел да ги промовира трајните културни и вистинските музички вредности и да придонесе кон зачувување и збогатување на македонската музичка традиција, бидејќи најголемиот дел од песните на Нино се веќе обнародени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Овие локации во Куманово денеска и утре без струја

Кумановци ќе може да уживаат во неговите хитови како „Свирете ми тамбури“, „Бабино девојче“, „Уште еднаш“, “Не се трпат немири“, „Малку треба“, „Нова песна за Куманово“, „Сега е веќе доцна“, „Кажи ми Лено душо“, „Биди ми бисер“, „Песните се мои другари“, „Љубовта е света“ и „Ние двајца“.

Никола Ивановски