Ракометарките на Куманово утре го играат седмиот натпревар сезонава, а овој пат на гостински терен противник им е ЖРК Вардар.
Loading...
Станува збор за уште еден дерби натпревар пред кој се исправени кумановки, откако минатиот викенд дома загубија од ЖРК Ѓорче Петров, со кој немаа ниту една победа.
Сепак, тој натпревар смени многу, па кумановки од лидери на табелата сега се четврти, а токму Вардар, кој има исто така само еден пораз, е моментално на втората позиција.
Ќе успеат ли кумановки да се пробијат до второ место во табелата, ќе покаже утрешниот дерби дуел кој се игра во Скопје од 16:30 часот.
Никола Ивановски