Општина Куманово објави повик за предлог-проекти за културни манифестации

Сподели со своите пријатели

Секторот за култура и спорт при Општина Куманово објави јавен повик за прибирање предлог- проекти за организирање на културни манифестации за 2024 година.

Loading...

Како што информираше раководителот на секторот, Александар Крстевски, критериумите, потребната документација, начинот на доставување на барањата детално се објаснети во повикот објавен на веб страната на општината.

– Ги охрабруваме сите јавни институции, здруженија, невладини организации, фондации и правни лица со регистрирана дејност во област на културата, ги исполнуваат условите, да се пријават со нови идеи и проекти кои ќе ја збогатат културната програма на нашиот град. Сите проекти кои ги исполнуваат условите и ќе имаат најголем интерес за развој и унапредување на културата, ќе бидат дел од програмата на Секторот, изјави Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски однесе пакетчиња за дечињата во кумановската болница

 

 

Финансиската рамка за овој јавен повик допрва треба да биде дефинирана, потенцираше Крстевски, со оглед дека засега не е познато колку средства ќе бидат обезбедени од буџетот за следната година.

– Јавниот повик се покажа како успешна алатка на транспарентен начин да се поддржат традиционаланите културни настани, но и да се даде можност на нови креативни проекти поднесени од креативни и иновативни здруженија, додава раководителот на секторот.

Loading...

Околу шеесетина настани од областа на културата беа предвидени во програмата за оваа година за што беа обезбедени околу 14 милиони денари.

Јавниот повик е отворен до 16ти ноември.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци освоија прво место во „Dota 2“ турнир (ФОТО)