355 возачи казнети во Куманово изминатата недела

Сподели со своите пријатели

Вкупно 355 возачи биле казнети во текот на изминатата недела на подрачјето на Куманово, информираат денеска од полицијата.

Loading...

– Во текот на изминатата недела, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 335 возачи, велат од Секторот за внатрешни работи.

Најголем дел од казните, вкупно 202 биле изречени на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.

72 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 49 за управување возило без возачка дозвола и 12 за нерегистрирано возило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец завшрил во болница со повреди здобиени додека работел

Сообраќајните контроли, додаваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски