Киев: Неколку мртви во напад врз седиштето на Црноморската флота. Ранети двајца генерали!

Сподели со своите пријатели

Украинските специјални сили (СОФ) денеска соопштија дека во вчерашниот напад врз седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол, загинале и ранети се десетици Руси, меѓу кои и високи претставници на флотата.

Loading...

СОФ наведе на Телеграм дека операцијата наречена „Стапица за ракови“ овозможила нападот да се изврши за време на состанокот на високите вработени во руската морнарица и дека во нападот биле убиени и ранети десетици луѓе, вклучително и повисоко раководството на флотата.

„Поради работата на силите за специјални операции, успешно е извршен напад врз седиштето на Црноморската флота токму во моментот кога во привремено окупираниот Севастопол се состануваше повисокиот штаб на руската морнарица“, се вели во соопштението, објави Си-Ен-Ен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што подразбира ажурирањето на руската нуклеарна политика?

Меѓу повредените има и двајца генерали

„Специјалните сили им ги пренесоа потребните информации на воздухопловните сили. Ќе ги откриеме деталите за нападот што е можно поскоро. Резултатот: десетици мртви и ранети окупатори, вклучително и високото раководство на флотата“, се додава.

Засега руското Министерство за одбрана соопшти дека еден нивни војник исчезнал при ракетниот напад.

Кирило Буданов, шеф на украинската воена разузнавачка служба, вели дека во нападот загинале девет лица, а 16 се повредени, меѓу кои и двајца генерали.

Буданов за Гласот на Америка изјави дека меѓу ранетите се генерал-полковник Александар Романчук (кој е во тешка состојба) и началникот на Генералштабот, генерал-полковник Олег Чеков.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина одбележува 1.000 дена од почетокот на војната

Тој не ги потврди извештаите за наводната смрт на командантот на руската Црноморска флота, адмиралот Виктор Соколов.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.