Над 300 возачи изминатата недела биле казнети на подрачјето на Куманово поради непочитување на сообраќајните правила и прописи.
– Во текот на изминатата недела, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 304 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Најголем дел од казните, вкупно 213 биле изречени на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.
52 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 29 за управување возило без возачка дозвола и 10 за нерегистрирано возило.
Сообраќајните контроли, предупредуваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.
Никола Ивановски