Иако до претседателските избори во САД има повеќе од една година, трката за Белата куќа навистина се вжешти.
Доналд Трамп, кој се очекува да ја добие републиканската номинација, ја користи секоја прилика да ги „удри“ Џо Бајден и демократите, а Бајден нив…
– Се кандидирав за претседател затоа што нашата демократија е во прашање. Трамп и неговите републиканци MAGA (Make America great again) се решени да ја уништат американската демократија. И секогаш ќе ја бранам и ќе се борам за нашата демократија – рече Бајден. пишува Ројтерс.
Тој се осврна и на ситуацијата во Украина.
– Нема да бидам на страната на диктатор како Путин. Можеби Трамп и неговите пријатели можат да му се поклонат на Путин, но јас нема – вели Бајден.
Изјавата дека „Путин е диктатор“ ги налути руските медиуми.
Тие пишуваат дека не е прв пат Бајден да се изразува на ваков начин и дека тоа е апсолутно непримерно.
Потсетуваме, Доналд Трамп деновиве зборуваше и за Украина, во говор полн со гафови.
– Имаме човек кој е целосно корумпиран и кој е најлошиот претседател во историјата на нашата земја. Џо Бајден има когнитивно нарушување. Тој не е способен да не води, и треба да се занимава со Русија и потенцијална нуклеарна војна. Тоа ќе не доведе до Втората светска војна, изјави за време на својот говор викендов поранешниот американски претседател Трамп, кој очигледно заборавил на периодот од 1939 до 1945 година…
Секако, според него, само тој може да го спаси светот од тоа сценарио…