Кумановските пожарникари и вчера имале неколку интервенции низ кумановско, претежно на запалени стрништа и сува трева.
Првата интервенција била во атарот на селото Табановце каде што гореле сува треа и стрниште. Тројца пожарникари интервенирале во период од 10:25 до 11:50 часот.
Втората интервенција била на запаленото возило на Итната медицинска помош во период од 10:50 до 11:20 часот.
Сува трева и стрниште гореле и во селото Пчиња каде во период од 13:25 до 18:15 часот интервенирале тројца пожарникари.
Во атарот на селото Биљановце интервенирале четворица пожарникари на запалена сува трева во период од 17:25 до 19:55 часот.
На булеварот „Трета МУБ“ се запалила трафостаница. Таму во период од 18:45 до 20:15 часот интервенирале тројца пожарникари кои и дежурале на местото на настанот додека не дошла екипа на ЕВН да го санира дефектот.
Пожар имало и во атарот на селото Младо Нагоричане каде двајца пожарникари на ТППЕ Старо Нагоричане гаснеле сува трева и стрниште во маалото Брадиновци во период од 13:20 до 15:00 часот.
Никола Ивановски