Цел арсенал оружје пронајден во дом на кумановец (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишен кумановец бил приведен откако полицијата му пронашла оружје и муниција што ги чувал во домот.

Loading...

– На  27.08.2023 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога до Основно jавно oбвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Џ.Е. (42) од Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” предвидено и казниво по чл.396 од КЗ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

 

 

Како што додаваат од МВР,  Џ.Е. изминатиот период неовластено набавил и во својот дом држел  оружје и муниција за оружје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Србија во Куманово

– Врз основа на издадена Наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Куманово во тек на полициска акција спроведена на 27.08.2023 година од страна на полициските службеници при ЕНТД беа преземени мерки и активности и извршен е претрес во домот и други простории кај лицето, при што пронајдени и одземени се еден пиштол долга деветка со рамка од 8 куршуми калибар 9мм, 28 парчиња муниција за пиштол калибар 9 мм, една полуавтоматска пушка карабин, една ловџиска пушка, 17 метални рамки за муниција за карабин како и 138 парчиња муниција за карабин различен калибар, велат од полицијата.

 

Loading...

 

Лицето е лишено од слобода и изнесено пред Судија на претходна постапка, од чија страна му е  одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановци, превезувале стоки без документација

 

Никола Ивановски