Тајмс: Британската влада може да ги следи мигрантите по електронски пат

Сподели со своите пријатели

Британското Министерство за правда би можело да го реши проблемот со недоволниот капацитет за сместување на мигранти без документи со електронски мониторинг, пишува Тајмс, повикувајќи се на информирани извори.

Loading...

Според Законот за илегална имиграција, владата мора да ги смести луѓето кои илегално влегле во Британија во центри за притвор и да ги депортира во Руанда или во друга „безбедна“ земја.

Бидејќи сместувачкиот капацитет е недоволен, службениците сега мора „темелно да бараат“ алтернативни решенија, пишува Тајмс.

Министерството од почеток сакаше да воведе електронски мониторинг

Пожелно би било да се зголеми бројот на сместувачките центри, но се разгледува и можноста за електронско следење и укинување на паричната помош на оние кои не се јавуваат редовно во МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на МААЕ: Нуклеарните објекти во Иран не смеат да бидат нападнати

„Министерството за внатрешни работи уште од самиот почеток сакаше да воведе мерка за електронско следење и смета дека тоа е подобро решение од одбивањето финансиска помош, правно тешка опција која би вклучувала закана од сиромаштија за мигрантите“, изјави извор за Тајмс.

На прашањето дали се разгледува можноста за електронско следење, извор близок до министерката за внатрешни работи Суела Браверман одговори: „Ние веќе ја спроведуваме (мерката)“.

Последните податоци на Министерството за внатрешни работи покажуваат дека повеќе од 19.000 мигранти пристигнале во Британија преку каналот Ла Манш од почетокот на годинава и покрај ветувањето на премиерот Риши Сунак дека ќе ги „запре чамците“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две деца загинаа во експлозија во куќа, поранешно упориште на пакистанските талибанци

На крајот на јуни, повеќе од 175 илјади луѓе ја чекаа одлуката на властите за азил, а трошоците за нега пораснаа на речиси четири милијарди фунти (пет милијарди долари), според ДПА.

Loading...