Русија продолжува да доминира на пазарот на жито

Сподели со своите пријатели

Присуството на Русија на пазарот на жито ќе доминира во 2023-2024 година, и покрај неизвесноста во транспортот во Црното Море, пишува весникот „Фигаро“, повикувајќи се на податоци на француската компанија „Агрител“.

Loading...

„Русија ќе продолжи да доминира, а тоа е неопходно на нестабилен пазар“, изјави аналитичарот на компанијата за францускиот весник.

Според извештајот на американското Министерство за земјоделство, глобалните залихи на пченица ќе паднат за три милиони тони поради падот на производството во Канада и Европа.

Во оваа ситуација Русија ќе ја зајакне својата позиција како водечки светски извозник на жито, забележува весникот, пренесува Спутник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои се двете најопасни жени во Европа? Овие убавици ги бара Интерпол!

Претходно рускиот министер за земјоделство Дмитриј Патрушев потсети дека минатата година Русија извезла невидено количество жито – 60 милиони тони.

Годинава се планира да се извезат околу 55 милиони тони, но таа бројка може да се корегира нагоре, рече тој.