Гробиштата Вагнер во Русија срамнети со земја?

Сподели со своите пријатели

Поддржувачите на Вагнер тврдат дека гробовите на борците на оваа група биле „уништени“ на гробишта во Русија.

Loading...

На снимката која кружи на руски канал на Телеграм се гледа како поддржувач на Вагнер стои на гробиштата каде што биле закопани борците платеници и вели „сè е уништено“.

„Ова е богохулство. Луѓето гинеа за Русија, а вие им ги срамнивте сите гробови“, рече човек облечен во маица од групата Вагнер.

Видеото е направено на гробиштата во селото Николаевка во областа Самара во Русија.

Видеото потоа покажува куп крстови со, како што изгледа, бројот 2023 испишан на плочите покрај венчињата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите ненадејно влегоа во Купјанск

Човекот на видеото додаде дека не е јасно што се случува и дека сите крстови и венци се отстранети.

Телеграф не можеше самостојно да ги потврди наводите за уривање гробови и автентичноста на снимката.

Борците на групата Вагнер беа од витално значење за некои од успесите на Москва во Украина, вклучително и заземањето на источниот град Бахмут во мај по неколкумесечни крвави борби.

Loading...

Сепак, останува прашањето што ќе биде со платеничката група по авионската несреќа во која беше нивниот водач Евгениј Пригожин.

Руските воздухопловни власти соопштија дека Пригожин бил еден од 10-те луѓе на летот.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.