Силен земјотрес ја погоди Русија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди источниот брег на руската област Камчатка, соопшти Геофизичката служба на Руската академија на науките.

Loading...

„Земјотресот беше под површината на морето. Најблиската населба е градот Петропавловск-Камчатски“, се наведува во соопштението.

Според Министерството за вонредни состојби, земјотресот не е почувствуван во населените места.

Нема опасност од цунами, а не се пријавени повредени или штети по земјотресот, јавува Дневник.хр.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: 40.000 руски војници од Украина пренасочени кон Курск