Полјаците на референдум ќе гласаат за приватизација на државните компании

Сподели со своите пријатели

Полјаците ќе гласаат за приватизација на државните компании на референдум, најверојатно на денот на парламентарните избори, најави денеска лидерот на владејачката полска партија.

Loading...

Полската владејачка партија Право и правда (ПиС) првично соопшти дека сака да одржи референдум за миграцискиот пакт на Европската унија.

Дел од аналитичарите тоа го протолкуваа како обид да се мобилизира тврдото јадро на нивните гласачи пред парламентарните избори на 15 октомври, кои многумина ги сметаат за најважни од падот на комунизмот во 1989 година.

„За нас гласот на обичните Полјаци е секогаш клучен“, рече лидерот на PiS, Јарослав Качински, во видео пораката на социјалната мрежа X, поранешна Твитер.

„Гласот на странските политичари, вклучително и на германските, нема никаква важност“, додаде тој.

Тој најави дека првото прашање на референдумот ќе биде: „Дали поддржувате продажба на државните компании?

„Германците сакаат да го инсталираат Туск во Полска за да го продадат заедничкиот имот“

ПиС тврди дека главната опозициска партија Граѓанска платформа (ПО), предводена од поранешниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск, е слуга на странски интереси, пред се германски.

„Германците сакаат да го инсталираат Туск во Полска за да го распродадат заедничкиот имот, неговото потекло јасно го покажува тоа“, рече Качински.

Loading...

ПО ги отфрла овие критики и ја обвинува владата дека доделува високоплатени работни места во јавните претпријатија во замена за лојалност.

„Ако ПиС сака да праша за јавните претпријатија на референдумот, тогаш Качински треба да ги праша Полјаците дали и тие го поддржуваат непотизмот, кронизмот и кражбите што се случуваат во моментов“, одговори претставникот на ПО, Марцин Киервински за државното Полски радио 1.

Полски радио 24 јавува дека на референдумот треба да има четири прашања.

Долниот дом на полскиот парламент на седницата на 16 и 17 август ќе ја разгледа правната рамка за организирање на референдумот.