Глажња се пребарува и до 40 метри длабочина, нема трага од исчезнатото лице (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Втор ден по ред трае потрагата по дваест и деветгодишниот Ф.Р. од липковско Никуштак кој вчера влегол да се капе во акумулацијата Глажња и исчезнал.

Loading...

 

 

Три екипи нуркачи на Специјалната антитерористичка единица Тигар денеска го пребаруваат езерото, но засега нема трага од телото на момчето.

 

 

Loading...

На терен пристигна и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов кој информираше дека се пребарува и до 40 метри длабочина, но видливоста е премала.

– Со специјална опрема влегуваат до 40 метри длабочина во езерото, притоа да напоменам видливоста е многу мала некои 40 сантиметри што дополнително го отежнува нуркањето и пребарувањето на теренот. Воедно теренот е многу кос и стрмен што исто така дополнително го отежнува пребарувањето, појаснува Ангелов.

 

 

На терен се и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување кои со чамец неколку пати го обиколиле брегот на вештачкото езеро.

Потрагата продолжува со специјален подводен дрон на екипата на ДЗС.

– Во секој момент очекуваме воден или аква дрон со кој ќе се обидат да го пребараат дното каде лицето најверојатно исчезнало, додава Ангелов.

Loading...

 

 

Ако потрагата не даде резултати до крајот на денот, пребарувањето продолжува утре со дополнителен број нуркачи.

 

 

Во меѓувреме затнат е испустот на браната, информираше Оливер Тодоровски од АД Водостопанство „Кумановско – липковско поле“.

Loading...

 

 

– Подружница „Кумановско-липковско поле“ од АД Водостопанство во координација со полицијата го затворивме темелниот испуст на браната и турбинскиот и затоа ќе биде запрено со системот за наводнување, само ќе има за индустрија за градот вода – нагласи Тодоровски.

 

Loading...

 

Според првичните сознанија на Ангелов, момчето било непливач.

Никола Ивановски