Белата куќа денеска соопшти дека не ги поддржува украинските напади во Русија.
Loading...
„Општо земено, ние не поддржуваме напади во Русија“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер на брифинг со новинарите, пренесе Ројтерс.
Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека два украински дрона лансирани кон објекти во Москва биле електронски заглавени и паднале.
Кремљ соопшти дека ќе одговори на нападот, кој го нарече „дрзок акт на тероризам“.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.