Во фоајето на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово вечерва со почеток во 19.00 часот, ќе се одржи промоција на Зборник на трудови „Антево дело“.
Loading...
Печатењето на Зборникот е реализирано во рамките на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски-Антево перо“.
Во улога на промотор ќе биде проф. д-р. Кристина Николовска, која ќе одржи и БЕСЕДА за великанот Анте Поповски.
Присутните посетители ќе имаат можност да проследат видео материјали со кус рецитал на Анте Поповски и снимки од негови песни во интерпретација на артистите Софија Гогова Врчаковска и Игор Џамбазов.
Ги повикуваме сите љубители на пишаниот збор да бидат дел од овој настан.
Интегрално соопштение