Фудбалерите на Башкими од Куманово утре ќе го играат натпреварот кој може да ги однесе во втората фудбалска лига на Македонија.
Loading...
Мечот се игра на стадионот во Тетово каде Башкими ќе ги одмери силите во бараж натпревар со ФК Лазрими од Кичево.
– Со евентуална победа Башкими се вараќа во втората македонска лига, а со тоа после толку многу години го враќаме елитниот фудбал во нашиот град. Би сакал сите мои сограѓани кумановци да нѐ бодрите на овој натпревар и заедно да успееме во нашите намери, вели претседатело на Башкими Арменд Дестани.
Никола Ивановски